Пехарот на Лигата на шампионите се враќа во Македонија по две години, а Скопје се подготвува нова луда прослава.

Ракометарите на Вардар по вторпат ја освоија титулата европски првак откако во финалето на завршниот турнир во Келн го совладаа Веспрем со 27:24, во ситуација кога повторно, како и пред две години, им беше давана етикета на аутсајдер.

И покрај вчерашното исцрпувачко полуфинале со Барселона, вардарци извлекоа нови сили за решавачкиот дуел со најтрофејниот унгарски тим и го контролираа мечот во неговиот најголем дел.

Поради неприкажувањето на финалниот натпревар од Лигата на шампиони во ракомет на некоја од македонските телевизии, најголем дел од спортските фанови, овој натпревар го следеа на Арена Спорт преку интернет. 

Вардар е првак на Европа, во еден глас извикаа гласно презентерите. Радувај се, Македонијо и чувај го овој клуб. 

Се чини дека презентерите Стеван и Саша беа нашата најголема поддршка, како уште еден играч на теренот или гласна група на терените. Со многу епитети за нашите играчи на Вардар, тие го следеа натпреварот, постојано истакнувајќи ги проблемите со кои се соочуваше Вардар во изминатиот период, но и силната игра со која Вардар го играше вчерашниот натпревар, но и денешното финале. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here