Нови еколошки, но целосно изложени писоари, распоредени на улиците низ Париз, предизвикуваат остри реакции кај локалното население.
„Тоа е ужасно. Нам ни е кажано дека мора да го прифатиме ова, но тоа е апсолутно неприфатливо. Го уништува имиџот на островот“, вели 50-годишната сопственичка на блиската уметничка галерија,
Еден од светло- црвените писоари, поставен на островот Сен-Луј, со поглед кон туристичките чамци на Сена, предизвика голема вознемиреност и локалните жители побараа од Градското собрание да биде отстранет.
Проблематичниот писоар е поставен на околу 20 метри од основно училиште и покрај најубавата градска куќа во овој дел , каде што живеел Бодлер. Исто така во близина се наоѓа и катедралата Нотрдам.
Дизајнерот на „Уриротоар“ – комбинација на француските зборови за писоар и тротоар – рече дека понудил „еко решение за јавно уринирање“.
Уредот е кутија со отвор на предната страна и цветен аранжман на врвот, и содржи слама која се претвора во смеса кој се користи во паркови и градини.
Меѓутоа, жители на Сен-Луј реагираат дека уредот, без ограда околу него, може да го уништи изгледот на околината и имиџот на островот.
Локалниот градоначалник Ариел Вејл инсистираше на тоа дека уредите се неопходни. Париските власти ги поставија четирите уреди на места каде што јавното уринирање претставува проблем, а планиран е и петти уред.
„Ако не направиме ништо, тогаш мажите едноставно ќе уринираат на улица“, рече тој. „Ако навистина им претставува проблем на жителите, ќе најдеме друга локација“, додаде тој.
Извор: СДК, BBC,EURONEWS