„The Tamburitzans“ е најстар американски народен ансамбл, кој изведува песни и танц на меѓународни култури.
На 7. април ја почнуваат турнејата во Америка и ќе имаат концерти во повеќе градови во САД, а на репертоарот најверојатно ке се најде и прекрасната македонска народна песна „Ој, Јано Јано“.
Во подготовката за настапите во Америка, ансамблот сосема случајно им приредил вистинско уживање на гостите во одморалиштето Sunset Vistas во Флорида.
Изведбата на младите девојки ги воодушеви присутните, а особено Македонците низ светот.
Слушнете како тоа звучи.