Онлајн-регистрацијата за Лотаријата за зелена карта за 2021 година почнува в среда, 2 октомври, во 18 часот (средноевропско летно време) и ќе заврши в четврток, 5 ноември, во 18 часот (средноевропско летно време), објавија од американската амбасада во Македонија на „Фејсбук“ и на веб страната.
Не наседнувајте на измами предупредуваат од амбасадата, во случај да аплицирате следете ги официјалните инструкции од американската амбасада.
Како и секоја година се појавуваат разно разни веб страни и емаил адреси кои се претставуваат како официјални посредници или претставници од амбасада, се што ви треба за да аплицирате го има на официјалната страна на амбасадата тука.
Среќно!