Враќањето на 15 проценти од данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните стартува од денеска.

Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од денеска ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа и да ги скенираат преку мобилен телефон, преку апликацијата „Мој ДДВ” ќе се скенираат валидните фискални сметки.

„Доколку се исполнат нашите очекувања и граѓаните бараат сметки, ќе им бидат вратени околу 50 милиони евра годишно. Максималниот износ на поврат за едно лице ќе изнесува 1.800 денари за три месеци. 98 отсто од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ на нивната вкупна потрошувачка, а за оние најбогатите два проценти ќе има лимит“, информираше неодамна поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски.

Заради правичност, за да не се случи повратот да оди главно кај најбогатите граѓани, поставени се лимити кои оневозможуваат поврат на дел од ДДВ-то од сметка над 30 000 денари.

Апликацијата МојДДВ е достапна за симнување преку следниот линк МојДДВ.
Сите вие кои сте регистрирани на системот “е-Персонален данок“, преку апликацијата МојДДВ ќе имате можност да гo скенирате баркодот од фискалните сметки и да го остварите правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.
Граѓаните кои не се регистрирани, ги повикуваме да се регистрираат на “е-Персонален данок и со скенирање на фискалните сметки да го остварат правото на поврат на ДДВ.

Извор: Ујп

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here