Вообичаено не се очекува снежни врнежи на место како Аризона, но минатата недела мајката природа одлучи да направи мало изненадување за локалното население, со покривање на пустината Соноран со снег.

Многу локални жители беа изненадени од ваквиот настан и брзо почнаа да ги поплавуваат социјалните мрежи со слики од снежните пустински пејзажи.

Не се гледаат често  кактуси и пустински грмушки покриени со снег и токму затоа оваа глетка е речиси нереална. За жал, една од главните причини за овој феномен може да биде глобалното затоплување и ако не се превземемат мерки, овие појави би можеле да станат почести.

Погледнете ги фотографиите од снежната пустина во галеријата подолу – сигурни сме дека ќе бидете изненадени како и ние!

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here