Во 1951 година, кога имал 14 години, Џејмс Харисон се разбудил од операција во која докторите му отстраниле едно белодробно крило и бил хоспитализиран три месеци. За време на овој тежок период, Џејмс сфатил дека преживеал благодарение на повеќето трансфузии со крв кои ги примил. Затоа, и самиот станал крводарител кој донирал крв цели 60 години.

Набрзо откако станал крводарител, докторите му кажале дека неговата крв може да реши смртоносен проблем. Во Австралија, до 1967 година, секоја година умирале илјадници бебиња, а докторите не ја знаеле причината. Се раѓале и бебиња со оштетувања на мозокот. Сега, знаеме дека причинителот на овие ужасни работи е ресус конфликтот, состојба при која крвта на бремената жена почнува да ја напаѓа крвта на нејзиното неродено бебе.

Ресус конфликтот настанува кога бремена жена има ресус негативна крв (RhD негатив), а бебето кое го носи има ресус позитивна крв (RhD позитив) наследена од таткото. Докторите откриле дека Харисон има ретки антитела во неговата крв и во 1960 година работеле интензивно заедно со него за да развијат инекција наречена Anti-D, која спрелува мајките со ресус негативна крв да развијат RhD антитела за време на нивната бременост.

Само околу 50 луѓе во Австралија ги имаат истите антитела, а секоја врекичка крв од нив е скапоцена. Но, крвта на Џејмс Харисон е посебна, затоа што секоја Anti-D инекција произведена во Австралија е направена од неговата крв. Повеќе од 17% од жените во Австралија се изложени на овој ризик, а Џејмс има помогнато да се спасат многу животи. Околу 2,4 милиони, да бидеме прецизни.

Познат и како „Човекот со златната рака”, Џејмс Харисон донирал крв 1.173 пати од неговата десна рака и 10 пати од неговата лева рака.

Во мај оваа година, Џејмс Харисон ја направи неговата последна донација, а прими и Медал за заслуги.

Австралискиот Црвен крст проценува дека неговата крв има спасено животи на 2.4 милиони бебиња

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here