Музичкото видео за „Proud“ на Тамара Тодевска, македонски претставник за натпреварот на Песна на Евровизија во Израел, беше премиерно емитувано вечерва на централните вести на Македонската телевизија.

Главна ѕвезда на музичкото видео на Тамара е нејзината тригодишна ќерка Хана. „Горда” им ја посветувам на мојата ќерка и на сите што насекаде се борат за своите соништа, верувајќи во нивната величина. На 16 мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една ноќ во годината, ќе му покажеме на светот дека „Јас сум горда!“ е секогаш посилно од „Никогаш нема да бидеш доволно добра!“ – вели Тамара. Музичкото видео вклучува и камео-појавувања од жени кои ја инспирирале Тамара, докажувајќи дека соништата се остваруваат. Потсетуваме, „Proud“ e авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров и Сања Поповска. Музичкото видео го режираше Чедо Поповски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here