Дали некогаш сте обрнале внимание на бојата на седиштата во авионите?

Авионите на скоро сите големи авиокомпании имаат сини седишта. И тоа не е случајно.

Сината боја се поврзува со позитивни работи како што е довербата, ефикасноста, ведрината, свежината и смиреноста, наведува авторката на книгата „Водич на психологијата на боите“ – Анџела Рајт.

Водечкиот дизајнер во областа на авијацијата, Најџел Гуд, чија фирма веќе 30 години соработува со авиокомпаниите наведува дека неговата работа како дизајнер е да го зголеми брендот на авиокомпанијата и да ги направи попрепознатлив.

„Сепак нашата основна грижа е да обезбедиме внатрешност која овозможува комфор и создава пријатно опкружување“.

„Поентата во креирањето е што помалку стресни искуства во текот на патувањата, а сината боја предизвикува смиреност. Додека некои од авиокомпаниите избираат поотворени нијанси, другите се одлучуваат за “притаени“ тонови. Целта е да се создаде опуштеност, како да сте дома“ – наведува Гуд.

Тој тренд со сините седишта прв пат се појавил пред неколку децении и едноставно опстанал, пишува британскиот весник „Телеграф“.

„Сината боја стана корпоративна боја која симболизира доверба и сигурност, па затоа се уште ја користат големите и постари компании“.

Неколку претходни студии покажаа и силна поврзаност на бојата и перцепцијата на потрошувачите со брендот, вклучувајќи ги и оние каде истражувачите утврдиле дека 90 отсто од мислењето за производот се креира на основа на бојата.

Во продолжение едно интересно видео со повеќе детали токму на оваа тема:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here