Улица во северозападен Велс, која е предизвик и за најспремните пешаци и велосипедисти, и официјално е прогласена за најстрмна на светот. Форд Пен Лек во историскиот град Харлек го презеде овој епитет од улицата Болдвин во Данедин, Нов Зеланд.

Градот може да се пофали со прекрасно море, замок од 13 век и прекрасни панорамски погледи, а сега Харлех е официјално домот на најстрмната улица во светот.

Серија мерења беа извршени на улицата со користење и на висока технологија и на обични методи и во еден момент дури беше фрлена тула, за да се види дали ќе се тркала надолу.

Ова доаѓа по долга кампања на жителите и тие сега планираат голема прослава откако си обезбедија место во Гинисова книга на рекорди. Нејзини претставници утврдија дека улицата во својата најстрмна точка има агол од 37,5%, во споредба со 35% на улицата Болдвин.

„Чувствуваме радост и олеснување. Жал ми е за улицата Болдвин и за Новозеланѓаните, но нашата е пострмна“, изјави Гвин Хидли, кој ја водеше градската кампања.

Гвин Хидли

“Како некој што е роден и израснат овде, не можам навистина да кажам колку е ова посебно. Неверојатно е.” рече Сара жител од грдот и учесник во кампањата.

Сара Бадхам

Улицата веќе ги привлекува посетителите од целиот свет – во моментот кога сертификатот беше предаден на Сара и Гвин, белгискиот велосипедист Уерсли Хендрик се бореше со ридот.

Белгиски велосипедист Уерсли Хендрик после возење со велосипедот по улицата.

„Локалната заедница вложи невидени напори за да ѝ ја обезбеди титулата на својата улица“, изјави уредникот на Гинисова книга на рекорди, Крег Глендеј.

Ние може само да прашаме: Му текнало на некој од Македонија да пријави улица за најстрмна во светот? 🙂 .

Извор:guinnessworldrecords.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here