„Слаткаристика“ го претстави својот нов сингл насловен „Дијаманти“, за кој ги здружи силите со своите колеги од дуото „2 Бона“. Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито – кои на музичката сцена се појавија во 2015 година со Слаткаристика веќе соработуваа на нивната „Би направил се“, но овој пат соработката ја заокружија и со филмско видео исполнето со многу акција.
Музиката на „Дијаманти“ ја потпишува самиот Слаткаристика, стиховите му се заеднички со „2Бона“, а аранжманот е на Марио Јелиќ – Кун и Иван Јованов – Ивајо, кој се погрижил и за миксот и мастерингот. Видеото, пак, е дело на продукцијата „Год ај“ (God Eye), а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.
А доколку ви се врти во глава дека песната веќе некаде сте ја слушнале, подолу ви нудиме видео кое ќе ви ја освежи меморијата.
Што мислите дали песната т.е. музиката е веќе чуена ствар или нешто сме грешка?