Британските власти со „помош“ на “Porn Block” се обидуваат на да го спречат гледањето на порно филмови на Британците помлади од 18 години.

Велика Британија  од 1. април ќе стане првата земја на светот која преку интернет филтри, кои се во развој веќе неколку месеци, ќе се обиде да го забрани гледањето на порно содржини на помладите од 18 години.

Голем број на млади Британци на почетокот на следниот месец ќе доживеат шок, затоа што во земјата не се ниту свесни дека блокадата навистина пристигнува. Дури 76% од нив не знаат на кого оваа забрана ќе се однесува, велат направените анкети.

Одредбата со која на помладите од 18 години ќе им се забрани гледањето на порно содржини на интернет е најавена уште од 2015-та година, а досега ја критикуваа бројни невладини организации, порнографската индустрија и адвокатски канцеларии, кои се согласуваат дека станува збор за кршење на човековите права.

За да се пристапи на порно интернет страна од 1-ви април, секој корисник ќе мора да приложи лични информации кои ќе потврдат дека има над 18 години – лична карта, возачка дозвола, број на пасош, број на кредитна картичка и слично. Или едноставно да користи ВПН конекција :).

Исто така, пристапници за порно интернет страниците ќе можат да се купат и во киосци по цена од 4,99 фунти, откако продавачот со валиден документ ќе добие доказ дека лицето е полнолетно. 

Сите интернет страници кои прикажуваат порно содржини, кои што нема да се согласат да ги „легитимираат“ посетителите во Велика Британија, ќе бидат блокирани преку филтри.

Почитувањето на оваа одредба е задолжително за сите интернет провајдери во Велика Британија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here