Можеби сте го гледале филмот, но сигурно не ги знаете овие факти:
1. Девојката на Баз (постариот брат на Кевин) всушност не е девојка, туку синот на режисерот преправен да изгледа како дебела девојка. Режисерот не сакал да навреди тинејџерка со употреба на нејзина слика.
2. Актерот Џо Песци (кој го глуми крадецот Хери) заборавал дека снима семеен филм и често употребувал непристојни зборови. Режисерот го замолил истите да ги замени со „фрижидер“.
3. За да биде филмот пореалистичен, Џо сакал Меколи Калкин да се плаши од него, па надвор од снимањето ретко се гледале. Еднаш дури и случајно го повредил момчето кога вежбале сцена во која заедно со другиот крадец го закачуваат на кука.
4. Црно белиот Филм „Angels With Filthy Souls“ кој го гледа Меколи не е вистински филм, туку е снимен специјално за Сам дома.
5. Моментот кога тарантула лази на лицето на Марв е вистински. Актерот Даниел Стерн морал да молчи и да ја прави гримасата за да не ја исплаши тарантулата, а гласот бил додаден подоцна.
6. Филмот речиси цел е снимен во Чикаго. Аеродромот кој е прикажан како да е во Париз, всушност е аеродромот „O’Hare“ во Чикаго, а луксузните седишта од бизнис класата се поставени на терен за кошарка.
7. Адресата на домот каде живее Келвин е „671 Lincoln Avenue“ во Илиноис. Куќата е продадена во 2011-та година за $2.4 милиони долари.
8. Киран, вистинскиот брат на Меколи, во филмот го глуми братучедот на Кевин кој постојано уринира во кревет.
9. Рекордерот кој го употребува Кевин не бил вистински, но по филмот многу луѓе посакале да го купат, па бил направен и пуштен во продажба.
10. Меколи навистина ја нацртал мапата каде се покажува каде ги сокрил сите стапици во домот.
Извор: crnobelo.com