Синоќа во Драмскиот театар во Скопје „Некст тајм“ ја промовираа третата песна во низа од проектот за преработка на стари македонски песни.

По успехот на „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“, Мартин и Стефан од „Некст Тајм“ повторно ги освоија симпатиите на публиката со моќниот спот и преработка на старата македонска песна „Нешто ќе те питам бабо“.

Во најавата за промоцијата, браќата Мартин и Стефан Филиповски порачаа: „Со гордост ви најавуваме промоција за нов видеозапис, за уште една македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо“. Веруваме дека и по третпат ќе ве направиме горди и ќе ја зачуваме македонската песна заедно“. Аранжманот е дело на Никола Мицевски, а приказната преку режија ја раскажа Огнен Шапковски.

Погледнете го спотот кој буди бура на емоции проследени со солзи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here