Дали мислевте дека скулптурите можат да се направат само од бетон,мермер, челик…?
Овие ремек дела се дел од “Мозаикултур” изложба, која се одржува во ботаничката градина во Монтреал а сите скулптури кои можат да се видат се направени од живи растенија.
Првата идеја за ваква изложба во Монтреал се појавила уште во 2000 година, а сега „Мозаикултур“ е престижно интернационално натпреварување кое се одржува на секои три години во различен град.
Погледнете ја следнава галерија и уживајте во прекрасните скулптури направени од човекот во соработка со природата.