Бренди и Џејсон Максијел (поранешен НБА кошаркар) биле во врска цели 17 години започнале да се забавуваат уште како тинејџери а се венчале во 2009. Тие заедно имаат син.
Брачниот пар Максијел во емисијата се појави со намера да пронајде решение за сите несогласувања поради кои нивниот брак бил на стаклени нозе, а сето тоа поради проблемите на Џејсон со пиењето.
Бренди знаела дека нејзиниот сопруг во текот на осум години брак имал осум афери, но сосема се шокирала кога го слушнала неговото признание, дека ја изневерил со повеќе од 50 жени. Очекувано Бренди во солзи го напушти студиото.
Поранешниот кошаркар во одвоено интервју без присуство на сопругата откри дека всушност имал спиено со 341 жена, и додава дека не бил сексуален зависник.
Само едно неверство е доволно за крај на врската или развод, но сепак и покрај сè љубовта победила, Бренди и Џејсон сеуште се заедно и пред еден месец ја прославија 9 годишнината од нивниот брак.
Извор: meaww.com , Инстаграм,