Во два наврати во Скопје од пензионери со измама биле одземени нивните пари од месечната пензија.
Во првиот случај 76-годишна жена од Скопје пријавила дека додека седела во парк, и пришло лице на возраст околу 22-24 години и и рекло дека парите кои претходно ги извадила од банка не биле во ред, по грешка и биле дадени и дека требала да ги врати за да се заменеле. Потоа лицето водејќи ја под рака оштетената ја поминале улицата, по што и кажал да му ги даде нему парите, а тој ќе ги сменел во банка и ќе и ги врател. Оштетената му дала 9.000 денари и се договориле да го чека кај тениско игралиште, но истиот не се вратил.
Во вториот случај, 78-годишно лице од Скопје, пријавило дека додека чекал на автобуска постојка, од страна на лице на возраст од околу 40 години му било кажано дека има некоја грешка во банката каде претходно ги подигнал парите од пензијата и дека треба да се врати назад за да се исправела грешката. Двајцата заедно тргнале да одат кон банката, по што лицето му рекло да му ги даде нему парите, а откако пријавителот му дал 8.000 денари лицето почнало да разговара на телефон и му рекло да оди во банка, додека тој го напуштил местото на настанот. Кога пензионерот стигнал во банката на вработените им кажал за настанот и од нивна страна му било кажано дека бил измамен и да го пријави случајот во полиција.
Извор: мвр