Едно дете од Белгија на осумгодишна возраст го завршило средното училиште и се запишало на факултет.
Коефициентот на осумгодишниот Лаурент Симонс изнесува 145, а средношколската диплома ја добил откако четивото кое редовните ученици го усвојуваат во текот на шест години, тој успеал да го совлада за само 18 месеци.
Омилениот предмет на Симонс е математика бидејќи “таа е опширна, има статистика, геометрија и алгебра”. По завршувањето на средното училиште, младиот Лаурент ќе замине на двомесечен заслужен одмор, а потоа ќе почне да посетува и факултет.
Неговиот татко објаснил дека Симонс никогаш не го интересирале играчки и дружење со другите деца.
Лаурент вели дека размислувал да стане хирург или астронаут, но дека сепак одлучил да се занимава со компјутери.
“Доколку утре се предомисли и одлучи да стане столар, ќе го поддржиме – најважно нѝ е тој да е среќен”, изјавил гордиот татко.
Извор:metro.co.uk