Градоначалникот Петре Шилегов го посети местото каде што до пред неколку дена имаше дива депонија којашто го нагрдуваше овој дел на Скопје. Во непосредна близина на местото што сега е исчистено, кај надвозникот на железничката станица, Шилегов одржа и прес-конференција заедно со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

– Денеска сме на локацијата што повеќе од 20 години беше дива депонија и беше место коешто претходно никој не нашол за сходно да го среди. Станува збор за површина од над 6.000 квадратни метри, и преку ЈП Улици и патишта во изминатиов период ја исчистивме таа дива депонија и исфрливме повеќе од 15.000 кубни метри смет.

ОВАА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО НАСЕЛБАТА МИЧУРИН ЌЕ БИДЕ ИСЧИСТЕНА И ПРОСТОРОТ ЌЕ БИДЕ ОСЛОБОДЕН

ОВАА СТАРА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО НАСЕЛБАТА МИЧУРИН ЌЕ БИДЕ ИСЧИСТЕНА И ПРОСТОРОТ ЌЕ БИДЕ ОСЛОБОДЕНАпелираме до граѓаните да бидат совесни, да не создаваат диви депониии и да се грижат за околината во која живеат. Скопје е град за сите и само со заедничка соработка, борба и грижа за нашиот град, истиот ќе го направиме многу подобро место за живеење.#Скопје #ЧекорПоЧекор

Gepostet von Град Скопје am Freitag, 14. Februar 2020

Денеска вршиме увид на овој нов јавен простор каде што треба да никне и мал парк и детско игралиште, со цел овој меѓник меѓу општините Аеродром и Центар да го уредиме, верувам на задоволство на жителите и на двете општини коишто гравитираат особено кон овој дел, кој претходно беше место што едноставно не беше достоинство ниту за гледање, ниту за живеење. Верувам дека ќе го разубавиме овој дел од градот со цел на нашите сограѓани да им овозможиме пријатно место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време- рече Шилегов.

Тој додаде дека ова е само почеток на активностите на Градот во текот на оваа сезона, особено во отворање на нови јавни простори.

– Во овој момент се чистат депонии во општина Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош, Аеродром, каде што ќе никнуваат нови вакви мали паркови, мини зелени оази, со цел јавниот простор да го заштитиме, пред се од градежно дивеење, меѓутоа и од фрлање на ѓубре и отпад кој каде ќе стигне. Ги потсетувам граѓаните на Скопје дека Скопје ќе биде онолку убав град колку што ние ќе сакаме сите заедно да го направиме – порача Шилегов.

Тој, исто така, упати апел до граѓаните одговорно да се однесуваат со животната средина и отпадот што го создаваат.

Градот продолжува со засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места каде што имало претходно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here