Хулија Флорес Колке од Боливија е најстарата жена во светот. Овој октомври таа ќе наполни 118 години, но во Гинисовата книга на рекорди не е официјално бидејќи не е поднесено барање да се запише како најстара жена.
Родена е во 1900 година, а на 26 октомври годинава ќе го прослави 118. роденден. Потекнува од рударско село во планините на Боливија. Таа пее на мајчиниот јазик и игра чаранго.
Во текот на нејзиниот долг живот била сведок на две светски војни, револуции во родната Боливија и трансформација на нејзиното место Сакаба од 3.000 жители во град од 175.000 во текот на пет децении.