Во Пуебла, Мексико, постои голем рид со црква на врвот, под која се наоѓа  најголемата пирамида во светот.

Не е познато кој го изградил мистериознит објект стар околу  2.300 години, ниту пак неговите творци знаеле дека материјалот  од која е изграден претставува совршена почва  за растенија кои денес целосно ја покриваат пирамидата.  Но едно е сигурно – крајно тешко е да се забележи.

Ернан Кортес, кој направил инвазија на античкиот град Чолула денешната Пуебла во 1519 година, не ја забележал пирамидата, а за  локалните жители останала незабележана до 1910 година кога почнала изградба на болница.

Денес претставува најголемиот споменик што некогаш бил изграден, а во структурата наликува на Пирамидата на сонцето, најголемата градба во античкиот мексикански град Теотихакан.

Со широчина 450 метри,  висина меѓу 55 и 66 метри и зафатнина од 4,45 милиони кубни метри, тоа е најголемата пирамида во светот според Гинисовата книга на рекорди, иако Кеопсовата пирамида е повисока.

Во близина на пирамидата како и во самата пирамида  пронајдени се околу 400 гробови. Откако беше откриено дека планината под црквата крие храм на Ацтеките, експертите им овозможиле на љубителите на оваа фасцинантна култура да ѕирнат во овој дел на славното минато на мезоамериканските народи. Денес можат да се истражат тајните на мрежата на големата пирамида во Чолула со тунели кои се изградени во почетокот на дваесеттиот век. Така, околу 500 години по доаѓањето на колонизаторите пирамидата се соочува со нова инвазија: на љубопитни туристи.

 

 

 

 

 

 

Подетални информации во видеото :

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here