Додека мажите во тек на сексуален однос доживуваат оргазам, кај некои жени тој многу често изостанува. Храната исто така влијае на сексуалното задоволство, т.е. на процесите во телото. Прочитајте кои намирници се природни афродизијаци и кои можат да помогнат да достигнете оргазам.
Спанаќот е богат со витамин Е кој поттикнува производство на сексуални хормони во организмот.
Семките од тиква, соја, сончоглед и слични растенија исто така го поттикнуваат производството на сексуални хормони бидејќи се богати со омега3 масни киселини.
Сите видови на јаткасти плодови исто така даваат дополнителна енергија во текот на сексуалниот однос. Рибата и морските плодови, покрај омега3 масни киселини, богати се со витамин Б. Школките се веќе добро познат афродизијак бидејќи содржат цинк, кој го засилува создавањето на тестостерон кај мажите.
Маслиновото масло исто така го подобрува производството на тестостерон. Недостигот на овој хормон ја намалува желбата за секс и го зголемува ризикот од неможност за достигнување на оргазам.
Сите видови нa овошје, посебно тие богати со витамин Ц го подобруваат сексуалното задоволство, а како најсилен афродизијак се издвојуваат киви, јагоди и банани.
Сексуалниот живот може да се зачини со чили, кој ја подобрува циркулацијата, како и со темна чоколада која создава чувство на задоволство
.