“Три сина” е првенчето на младиот пејач Раде Младеновски кој зад себе има големо искуство а редно време беше конечно да сними и своја песна.

Тој во песната раскажа една тажна печалбарска приказна која ќе погоди дирекно во срце многу Македонци ширум светот.

Текстот е на Бранко Николовски, музика и аранжман на Златко Миладиновски. Песната е снимена во студиото на Љупчо–Анастасија а како гости се појавуваат Џељо Дестановски, Александар Петревски и Андреа Спирова.

Видео спотот е на тимот на продукцијата “Арт студио” а поголемиот дел од спотот се снимаше во Кратовскиот крај и познатиот локалитет камени кукли – Куклица.

Раде со Кратово е многу поврзан и има многу спомени од таму а допрва и ќе има, токму затоа не случајно спотот е снимен таму.

Преку овие типично македонски звуци и видео спотот, песната ќе си го најде своето место помеѓу љубителите на убавата македонска песна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here