25-годишната музичка ѕвезда Џастин Бибер, кој стана познат на само 13 години, често е во центарот на вниманието, како поради музиката, така и поради скандалите кои ја следат неговата кариера.
Пејачот кој моментално најмногу ужива во љубовта со сопругата Хејли Болдвин и не е музички активен, одлучил да се почести себеси со забни навлаки за кои наводно издвоил 25.000 долари.
Бибер се пофалил на Инстаграм со новиот моден детаљ, а она што ги издвојува неговите навлаки од останатите е фактот дека тие се украсени со дијаманти.
Ваквиот потег на младата ѕвезда наишол на низа негативни коментари, а фановите воглавно му порачале дека таа сума на пари би можел “попаметно да ја искористи и да му помогне некому на кого тоа му е потребно”.
И насловите на повеќето селебрити магазини се исто така негативни и потсмевачки.