Помина еден месец откако Викторија Лоба ја објави новата песна “Херој” и видео спот за неа. Во моментов има 41 илјади прегледи и многу позитивни коментари. Еве дел од коментарите на нејзиниот канал:
“Преубав текст а воедно и музиката. Многу емоции во 3 минути. Браво ❤”
“Само македонска музика може вака да те наежи.”
“много хубава песента!”
“Многу се изнаплакав, за сите наши херои, за сите што ни недостигаат и нема да ги видиме никогаш… Секоја чест Викторија, не можеше подобро да ја претставиш сета емоција што ја носи песната. БРАВО!!!”
“Убавата мелодија и македонските етно звуци ме освоија. Браво Лоба.”
“ПЕСНИШТЕ! Браво девојко! ♥”
Нумерата е во етно стил, комплетно напишана и продуцирана од композиторот Роберт Билбилов.
Херој е песна која буди многу емоции, посветена на мој многу драг пријател и за сите вас кои имате свој херој во животот. Роберт Билбилов ја напиша и продуцираше во истиот ден а јас ја испев во еден здив. Би сакала токму оваа балада да остави белег кај љубителите на македонската музика. Ова е нешто ново и различно од мојата музичка палета која ќе биде дел од новиот албум вели Викторија Лоба.