20.8 C
Skopje
понеделник, октомври 2, 2023
Home Шоу Биз Меланија заработи околу 100.000 долари од авторски права за нејзини фотографии

Меланија заработи околу 100.000 долари од авторски права за нејзини фотографии

Првата дама на САД, Меланија Трамп од стапувањето на нејзиниот сопруг на должноста претседател заработила околу 100 000 долари на основ на договорот со фото агенцијата „ Getty Images”.

Според овој договор водечките медиуми индиректно му платиле на семејството Трамп, пишува НБЦ Њуз.

Неодамна објавениот финаниски извештај на претседателот Доналд Трамп открива дека првата дама во 2017 година заработила најмалку 100 000долари од агенцијата „ Getty Images”, за употреба на некои од 187 фотографии на семејството Трамп, меѓу 2010 и 2016 година.

Не е необично познатите личности да заработуваат на своите фотографии, но е ако тоа го прави сопруга на актулен официјален претставник, а уште по проблематично за многу медиуми е тоа што фотографиите морале да бидат објавени во позитивен контекст, наведува НБЦ Њуз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here