Во конкуренција на 30 изведувачи, на 34. издание на Макфест Мартинијан Кириловски ја освои првата награда од 5.000 евра за композицијата „100 пати на ден“.

Втората награда од 3.000 евра му припадна на дуото Александар Митевски и Драган Спасов-Дац за песната „Уште ми фалиш“,

Фрајле со наградата од макфест Фото: Фејсбук

Tретопласирана беше песната „Не ѝ признавај“ на новосадската женска група „Фрајле“. Македонскиот јазик не им е мајчин, но велат дека многу вежбале и одлично го совладале текстот, а тоа го докажаа и на нивниот настап.

На Макфест беа доделени и неколку награди во износ од 500 евра. Наградата „Драган Ѓаконовски-Шпато“ за најдобар аранжман ја доби Иле Спасов, најдобар дебитант е Славица Ангелова, а најдобар сценски настап имаше Мартија Станојковиќ.

За одбележување е што Росана Сариќ-Тодоровска настапи на Макфест по 20-годишна пауза и не само што ги собра аплаузите од публиката, туку и ја доби наградата за најдобра вокална изведба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here