Опуштено капење на Бахамите се претвори во драматична ситуација што оваа 19-годишна манекенка долго ќе ја памети.

Инстаграм моделот  Катарина Зарутски беше на одмор на Бахамите со своето момче и неговото семејство, кога слушнала од локалните жители дека пливањето со “нурс” ајкулите е забавно и безбедно, објави Ен-Би-Си.

“Семејството на моето момче беше преплашено кога отидов да пливам со ајкулите а јас им реко – Во ред е не грижете се “.   изјави за новинарот г-ѓа Зарутски, студент по медицина  на Универзитетот во Мајами.

Таа рече дека по неколку минути позирање и уживање, некој на пристаништето ја охрабрил да легне на грб и да плови во водата.

Пливајќи, една од ајкулите ја гризнала за раката, а потоа ја повлекла во длабочините на водата.

Катарина, која првпат имала искуство со пливање со овие ајкули, кои се сметаат за безопасни за луѓето, останала смирена за време на инцидентот. Брзо ја извадила раката од водата за крвта да не ги привлече и другите ајкули.

Во разговор за Би-би-си таа открива дека била многу исплашена, но истовремено и свесна дека мора да остане смирена за да излезе од водата неповредена.

„Среќна сум што ја имам раката“, вели таа и дополнително како среќна околност го наведува тоа што ајкулата ја гризнала за овој дел од телото.

Манекенката објасни дека влегла во водата со ајкулите кога видела дека локалните жители ги хранат, поради што ѝ се чинело сигурно да плива покрај нив.

https://www.youtube.com/watch?v=rudzzAyjUv4

Извор:www.news.com.au, Би-би-си, Ен-Би-Си

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here