Светски познатата телевизија „Фешн Тв“ во Кемер, Турција деновиве го организира нивниот престижен избор за убавина, на кој учество зема и нашата манекенка Кристина Поптрпева од модното студио „Црнорак“.

Таа веќе неколку дена е на овој избор, а како специјален гостин и член на жирикомисијата во финалната вечер е светски познатиот актер Жан Клод ван Дам.

Кристина на својот профил на Инстаграм објави и фотографија на која позира со неколку претставнички од другите земји и популарниот актер.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here