Жител на населбата Рамина во Велес вчера пријавил дека од сефот дома му е украдена актовка со 65 илјади евра. Парите биле украдени додека бил отсутен од државата.

Според полицијата, велешанецот С. М. (68) пријавил дека во периодот од 18 до 30 мај е ограбен во неговата куќа на улицата Јордан Џурнов во Велес. Крадецот преку незаклучената влезна врата влегол на приземјето од куќата и со алат го отворил катанчето од вградениот ѕиден плакар, од каде одзел акт-чанта со две шифрирани брави во која имало 65.000 евра и разновидна документација, по што заминал во непознат правец. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

„Истиот ден во 21 часот, во СВР Велес бил извршен разговор со неговата 17-годишна внука од Велес, во присуство на нејзиниот татко и социјален работник. Во 21.30 часот, полициски службеници во хотелска соба изнајмена од малолетничката ја пронашле и ја одзеле чантата во која имало разни документи и поголема количина евра“, соопшти МВР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here