Македонскиот идол, Виктор Апостоловски, го објави спотот за песната „Знам“. Тој самиот е целосен автор на музиката и текстот, а го режираше и видеото што го сними во родната Битола. Таму Виктор пред неколку месеци го отвори и своето ново музичко студио.
Спотот немаше да го направам без поддршката на моите пријатели кои и самите се појавуваат во него, со осoбeна благодарност до Огнен Димовски aka OG aka Box Beater и Александар Боровичанин aka ScopeInc aka Кулето.
“Ако заболи текстот негде или случајно некој си ја пронајди мувата на капата, тогаш веројатно зборам за неа/него“, рече тој кога го промовираше спотот.
Виктор годинава беше доста активен музички а ги испеа песните „Бон тон“, In the Name of Love и My Apology. До крајот на оваа година најави уште една песна.
Во продолжение погледнете го видео записот и слушнете ја песната „Знам“: