Тамара Тодевска влезе во финалето на Евровизија 2019 во Тел Авив, Израел. Со моќната изведба на песната „Горда“, Тамара ги воодушеви присутните во салата. Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“. Во финалето се пласираа 10 од 17-те учесници во втората полуфинална вечер.
” Дечки, Супер сме сите, пресреќна сум. Ви благодарам што верувавте во мене. „Proud“ е песна за сите нас. Ова е резултат на тимската работа. Да се гордееме со себе и со луѓето околу нас. Фала ви на поддршката. Ве сакам. Ќе ве направам горди и во сабота!!!❤️❤️❤️ ” Напиша Тамара на фејсбук.
Последниот македонски финалист на Евровизија беше Калиопи, која во 2012 година настапи со песната „Црно и бело“.
Финалисти од втората полуфинална вечер се Македонија, Холандија, Албанија, Русија, Шведска, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.
Загарантирано место во финалето имаа Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и домаќинот Израел.
Во сабота ќе се појави и Мадона која премиерно ќе изведе две песни од кои една е новиот синг „Иднина“ заедно со Куаво, од сеуште неиздадениот албум.