Македонскиот претставник на песната на Евровизија групата Ај Кју не успеаја да се изборат за место во големото финала на 63 издание на Евросонг кое стартуваше вечерва во Лисабон.
Македонија е без учество во финалерто на Евровизија од 2012 година.
Ај Кју со песната „Lost and found“ беше дел од првата полуфинална вечер во која настапија натпреварувачи од 19држави.
Пласман во саботното финале според бројот на гласовите од публиката и стручното жири осигураа десетте најдобри, претставниците од Австрија, Естонија,Кипар,ЛитванијаИзраел,Чешка,Бугарија,Албанија,Финска и Ирска.
Втората полуфинална вечер ќе се одржи в четврток кога повторно ќе бидат избрани уште десет учесници за финалето.
Во финалето во сабота за евровизискиот трофеј од 63 издание во Лисабон ќе се натпреваруваат 20 –те најдобри од двете полуфинални вечери, претставникот на домашниот Португал и петте величенствени, претставниците на Германија, Италија, Шпанија, Англија и Франција.