На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како на булеварот Гоце Делчев , маж претепува жена.

На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка.

Видеото од немилиот настан е објавено на социјалните мрежи каде е објаснето дека мажот кој ја нападнал оваа жена бил таксист, но овие информации се неофицијални.

Што е причината за овој инцидент , не е познато , ниту дали жената има посериозни повреди. Ќе се воздржиме од дополнителни коментари бидејки немаме видео кое поубаво ќе го појасни текот на настаните.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here