Кога се работи за летни хитчиња дефинитивно Лозано е човекот кој знае како се креираат.
33-годишниот пејач Влатко Лозаноски ги израдува своите фанови со нова песна со наслов „Јако, јако“.
Како и во останатите , така и за овој спот Лозано ја продолжи традицијата во неговите спотови да се појавуваат преубави девојки.
Овојпат главната улога покрај Влатко во ова видео ја има преубавата кумановка Мартинија Георгиевска.
Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, за текстот се погрижи Магдалена Цветкоска – Ена, а спотот е снимен на прекрасни локации во Кушадаси, Турција.
Ритамот е позитивен, како во секоја негова песна, слушнете го новиот летен хит „Јако, јако“ кој ќе биде дел од третиот студиски албум на Лозано насловен „Десет“.