Купишта пелени со урина и фекалии причина за евакуација на цела зграда во Аеродром. Интервенираше и единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана.
Припадници на специјалните единици на МВР и на противпожарната служба на Град Скопје вечерва ги евакуираа жителите од зградата број: 15, влез 1 на булеварот ,,Кузман Јосифовски – Питу – Скопјанка” во општината Аеродром по пријавата за неподнослива миризба која предизвикува потешкотии во дишењето а се шири во ходникот од зградата. Снимките од евакуацијата на станарите ги направи камера на ТВ Сител.
Околу 18 часот добивме дојава од граѓани, кои почувствувале остар мирис на влезот, по што беше
испратена екипа. Поради остриот мирис започната е евакуација на луѓето, со помош на гас-маски. Чекаме да дојде инспектор од животна средина и од институтот за јавно здравје, за да се утварди дали е безбедно враќање во зградата, изјави командантот на Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски.
Тој рече дека не се забележани остатоци од течност или било што оставено во влезот.
Во инцидентот нема повредени.
Непријатна миризба од употребени пелени беше причината за евакуација на жителите од зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром. По извршената дезинфекција од екипа на Комунална хигиена и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домови.
Во подрумските простории во зградата живее и бездомник. И покрај чистењето и дезинфицирањето сеуште таму има огромен број на шишиња за кои претпоставката е дека се полни со урина.
Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за здравство – Центар за јавно здравје, Дирекцијата за заштита и спасување и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Скопје.
Во станот број 11 од каде што се ширела миризбата живеела деведесетгодишната станарка која користела пелени а починала во јануари годинава.
Со деведесетгодишната жена живеела и 65-годишната ќерка, која е подвижна и не користи пелени за вршење нужда, но по кажувањата на внукот таа била болна и одбивала помош.
Социјалните работници не се стручни да дадат мислење за здравствената состојба на жената. Во однос на социјалниот аспект констатирано е дека жената има ќерка која согласно со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа и според нејзина изјава повремено ја посетувала мајката. Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост. Согласно Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.