Во тешко пристапното Крушево поради обилните врнежи од снег денеска беше одбележана 38 годишнината од раѓањето на балканската поп ѕвезда Тоше Проески.

Неговите поддржувачи членови на семејството  претставници од локалната власт и од фондацијата Проески го посетија неговото вечното почивалиште кое и натаму е препуштено само на себе и не содејствува на неговиот лик, на она што како човек и хуманист преставуваше Тоше.

Локалните власти велат дека целокупната постапка со проектот за преуредување на овој дел од Гумење со месеци беше заглавена во македонската бирократија.

Како дел од денешната пригодна програма во Спомен куќата на Проески беше и неговата  следбеничка  Елена Ристевска.

И таа со силни емоции потсетува дека делото на Тоше не смее да биде само дел од неговото семејство и родното Крушево туку обврска на сите институции и на македонската естрада.

Во Крушево беше организирана и крводарителска акција бидејќи и самиот Тоше Проски беше и крводарител и голем хуманист.

 

Извор: канал5

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here