Кралицата на Британија, Елизабета Втора бара човек што ќе ги мие чиниите и ќе помага во подготовка на храната во нејзината резиденција во Лондон, на полно работно време.
За оваа позиција, која што е објавена на сајтот „Ројал хаусхолд“, се нуди плата од 22.022 долари годишна плата, годишен одмор од 33 дена и разни бенефиции.
Оној што ќе ја добие работата ќе живее во кралската резиденција и ќе му биде обезбедена храна. Обично, вработените на полно работно време се ангажирани пет дена во неделата.
– Одржувањето на кујната и хигиената ќе им овозможи на нашите готвачи и помошници соодветно да ја подготвуваат храната. Лицето повремено може да биде ангажирано околу подготвувањето на храната. Искуство не е неопходно, ние сме заинтеерсирани каква личност сте вие. Потребно е да сте тимски играч со иницијатива – стои во огласот.