Ирската пејачка Шинејд Оконор објави дека преминала во ислам и го сменила името во Шунада Давит.
51- годишната пејачка која се прослави со хитот „Nothing compares to you“ на Твитер ги објави своите фотографии со хиџаб, како и видео клип на кој пее Азан – молитвен повик.
https://www.youtube.com/watch?v=VJ0RdoiSZgk
– Изјавувам дека сум горда муслиманка, и тоа е природен крај на патувањето на секој интелегентен теолог. Проучувањето на светите книги од сите вери води како ислам, што значи дека сите други свети книги се излишни- напиша таа на Твитер.
51-годишната пејачка е мажена три пати и има четири деца. Станува баба за прв пат во 2015 година.
Дијагностицирана е со биполарно растројство.
Пејачката имала проблематичен живот и постојано споделувала дека била скршена по смртта на мајка си во 1985 година, кога е уште тинејџер.
Таа отворено изјави дека таа и нејзините браќа и сестри биле физички малтретирани од нивните родители во строго католичко семејство.
Пред две години таа беше прогласена за исчезната, а подоцна се појави во едно предградие на Чикаго.
Пејачката во текот на изминатите години отворено зборуваше за нејзините проблеми со менталното здравје.