Вчера започна F8 конференцијата на Facebook за девелопери која се организира скоро секоја година од нејзиното стартување. Станува збор за настан каде Facebook ги најавува идните функционалности и планови во врска со мрежата. Еве дел од новитетите:

1. Корисниците со години бараа да се имплементира downvote копче со кое тие би можеле да означат дека не им се допаѓа некој пост. Досега располагаме со 6 начини за реагирање на пост на Facebook, но downvote не е една од нив. Тоа ќе се измени многу наскоро. Според Chris Cox, главниот човек на одделот за развивање на продукти, на овој начин ќе се подобри начинот на кој се одвиваат јавните расправи. На некој начинм, со оваа функционалност, Facebook ќе се обиде да му парира на Reddit, каде најлајкуваните коментари се наоѓаат на врвот. Во секој случај, предизвикувачки. Размислете двапати пред да напишете нешто и како тоа ќе влијае на вашиот имиџ.

2. Новиот хедсет – Oculus Go, кој ќе дојде по цена од 199 долари. Земајќи ги во обѕир цените на пазарот, ова се планира да биде најевтиниот VR сет досега кој ќе може скоро секој да си дозволи да го има. Одлично за гејмање и едукативни цели. Oculus Go ќе се разликува од другите уреди за виртуелна реалност, бидејќи нема да побарува да имате слушалки или кабел кој ќе биде поврзан со компјутерот за да прикажува тридимензионални видеа.

3.  Видео четот на Instagram, а на  WhatsApp ќе се појави можноста за групен видео чет.

4. е дејтииинг!  Со толку податоци за корисниците, Facebook можеби ќе биде најдобрата платформа каде може да ви најде идеален партнер, усогласувајќи ве по разни основи. Моментално, постојат 200 милиони корисници кои се водат како самци на оваа социјална мрежа.

5. Нема да им се допадне на Велешани а се работи за зачувување на интегритетот на изборите во светот. По лошите искуства од 2016 година, каде синхронизирани армии од тролови и лажни профили купуваа реклами за да ги таргетираат американските граѓани и да влијаат на нивниот избор за претседател, се чини дека сепак сега Facebook е сериозен во намерите да ги стави сите работи под конец. Отсега, па натаму ќе можете да видите кој ја купил рекламата, колку платил за неа, со какви реклами управува во исто време и слично. Реално, тоа е многу поголема транспарентност и информации во однос на тоа како оди ТВ маркетингот, платените објави во весниците и општо како се одвиваат работите со рекламирањето онлајн.

6. „Clear History“. Во основа, оваа нова можност која ќе стане дел до Facebook, ќе ни овозможи на нас корисниците да видиме од кои се страни и апликации се собираат нашите податоци и истите да ги избришеме.

7.  Најавено како план на почетокот од годината, Facebook Messenger добива нов и многу поедноставен дизајн, а еве и како истиот изгледа.

Како што може да се види, апликацијата ќе изгледа тотално различно. Долната лента ќе биде целосно поедноставена, па на истата ќе бидат достапни само три категории поврзани со разговорите. Новиот дизајн ќе добие и можност за темна тема, нешто што е популарно и корисно кај корисниците на телефони со OLED екран. За појаснување, користењето на темни теми кај ваквите телефони придонесува до заштеда на батеријата, поради вклучување само на делот од екранот којшто не е темен, можност достапна само кај овој вид на екрани.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here