Ѕвездата на реалното шоу ‘Keeping Up With Kardashians’ по состанокот со американскиот председател Доналд Трамп сфати дека нејзината “мисија” со политика да им помогне на другите, не е баш за неа.
Не размислувам за политика, јас само сакав да им помогнам на луѓето, бидејќи знам дека можам и имам со што, призна Ким Кардашијан (37), по успешната “интервенција” за случајот Алис Мари Џонсон (63), која беше спасена од доживотна затворска казна.
Сепак, таа брзо го смени нејзиното размислување за новиот предизвик во животот и помагање на другите впуштајки се во политичките води, бидејќи како што вели таа, “не сакам канцеларии- тоа не е местото каде што се гледам себеси”, изјави Кардашијан.
Сите ме прашуваат дали ќе бидам политичар, но јас немам политички амбиции. Ми се допадна тоа што и помогнав на Алис, но политиката не и за мене, јас не можам да се замислам во канцеларија – објасни Ким и се изјасни дека дека сега за сега нема да ја видиме во политиката.
Алис Мари Џонсон беше осудена затоа што работеше како посредник помеѓу големите дилери на дрога.
Ким направи цела кампања за да и помогне на Алис, разговараше со Трамп и со неговиот зет кој е задолжен за реформите во затворот, дури и ангажираше личен адвокат.
Зошто Ким Кардашијан толку многу се заинтересира за случајот си знае само таа.