Официјалните информации говорат дека на протестите лекарска помош побарале седум лица, биле повредени и 10 полицајци, Сите биле полесно повредени и биле пуштени на домашно лекување Полицијата привела 26 лица од кои 5 малолетници.
Меѓу повредените се најде и познатата пејачка Северина, барем во низата лажни вести кои се појавија по социјалните мрежи а кои се однесуваат на полициската бруталност.
Се споделуваа фотографии од “претепани жени” меѓу кои, помалку упатените не препознале дека на едната е хрватската пејачка Северина. Фотографијата е “принт скрин” од спотот за песната „Мушкарцу треба само курва” од 2009 година. Фотографијата на која таа е целата со модринки се шири на социјалните мрежи со коментари дека жена била претепана од страна на полицијата.
Фотографијата беше споделувана од професори и бројни активисти кои се противат на Договорот за името со Грција. Граѓаните водејки се по “инелегенцијата и информираноста” на угледните личности почнаа да ја споделуваат фотографијата по што наидоа на потсмев од нивните пријатели на социјалните мрежи.
Се сподалува и фотографија од девојка која добила повреда на главата на фестивал во Даблин.