Филмското остварување „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески од страна на комисијата задолжена за одлука беше избрано за национален кандидат на Република Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје” за 2019 година.

Одлуката која е прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, ја донесе комисја во состав: во состав: Игор Иванов– режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Деведесет и првото издание на Оскарите, најпрестижната филмска награда која ја доделува Академијата за филмска уметниост и наука ќе се одржи на 24 февруари 2019 година.

Доколку ве интересира нешто повеќе во врска со филмот и режисерот Ѓорче Ставрески погледнете го интервјуто во продолжение:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here