Срамниот настан се случил во ресторан во Пештани. Келнерите повикале приватно обезбедување а гостите повикале полиција и непријатната случка ја објавиле на гугл мапс.
” Имавме многу непријатно искуство во овој ресторан. Бевме група од девет луѓе и ни рекоа дека вечерта имаат свежа пастрмка од езерото.
Седуммина од нас нарачаа риба и по некоја салата и зеленчук за сите. За пиење земавме пиво а после црвено вино.
Уште на почетокот донесоа многу повеќе отколку што нарачавме и не ни рекоа колку риба ќе биде тоа. Кога дојде сметката, видовме дека нè послужиле со најскапото вино (1.500 денари шише) а имаше и шестоки пијачки кои ниту ги нарачавме, ниту ги добивме.
Но, најлошото беше што нè послужија со 12,5 килограми риба, без да нè прашаат колку сакаме.
На крај, сметката беше преку 50.000 денари.
Им рековме дека не се согласуваме со сметката и дека се чувствуваме како жртви на измама.
Им рековме дека сакаме да зборуваме со менаџерот. Рекоа ќе дојде ама никогаш не дојде. Наместо него, ни дојде приватно обезбедување и почна да се заканува. Решивме да почекаме полиција. На крај, ја намалија сумата за околу 10.000 денари, но мислиме дека и тоа е превисоко и дека сме измамени. После три часа расправии, плативме.
Накратко, би ве замолил да не поддржувате вакво однесување кое е нефер и не покажува никакво гостопримство. Вакво однесување целиот крај и сите негови фини и пријателски луѓе ги прикажува во лошо светло, и тоа е она најлошото од сè. “
Ако погледнете подобро од оценките и коментарите на посетителите на овој ресторан, ќе забележите дека воопшто не го препорачуваат како пријатно место и посочуваат на лошата храна и лошата услуга вклучувајки ги и високите цени.
