Музичкиот состав ДУПЕР објави нова песна и нов видеозапис, известуваат од Авалон продукција.

Песната е комплетно авторско дело на ДУПЕР во состав (Борис Какуринов, Мартина Баракоска и Илчо Нечоски), а се снимаше во студио „Подрумот“ кај Ангел Ќосев.

Видеото за „Ние сме 2“ е одново едноставно, во кое членовите на триото облечени во бело, на бела позадина, со еден вид „вокална пантомима“, гестикулации и говор на телото ја синхронизираат својата музика со визуелизацијата на истата.

Видеозаписот е во режија на Томи Акимовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here