Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), како надлежна за стопанисувањето на објектите во сопственост на владата денеска соопшти дека не била информирана за одлуката на менаџментот на комплексот „Македонско село“, објектот да биде затворен и да престане да работи.

-Во договорот склучен меѓу СОЗР и концесионерот, претставуван од компаниите „Тинекс“ и хотелот „Квинс“, има член кој јасно определува дека за ваква одлука давателот на концесијата треба да биде известен најмалку 6 месеци однапред, се вели во соопштението. Од Службата бараат средба со претставниците на менаџментот на концесионерот, утре, за да ги информираат за причините за нивната одлука.

Како што објавија повеќе медиуми, повикувајќи се на објава на профилот на „Македонско село“ на Фејсбук, менаџментот одлучил да престане со работа од утре.

https://www.facebook.com/makedonskoselo/photos/a.282788195443682/889380864784409/?type=3&theater

-Ве информираме дека менаџментот на комплексот Македонско село донесе одлука за затворање на комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години, пишува на Фејсбук страницата на „Македонско село“.

Компанијата „Тинекс“ на 23 јуни 2016 година свечено го отвори комплексот „Македонско село“, лоциран во село Нерези во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“. Етно-комплексот има 12.000 метри квадратни и е изграден во стилот на традиционалната македонска архитектура. Има автентични куќи од различни краишта на Македонија со сместувачки капацитет за сто гости. Во состав на комплексот се хотел, ресторани и дополнителни содржини.

Комплексот „Македонско село“ е инвестиција на Владата вредна 6,5 милиони евра. Изградбата чинеше 5.2 милиони евра, за внатрешно уредување беа потрошени 1.3 милиони евра, 24 илјади евра беа потрошени за електромобили кои служеа за пренесување на куферите на гостите во селото, 4 200 евра беа потрошени за патоказите и ознаките на комплексот, а 2 700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

Според тогашната одлука на Владата, „Тинекс“ и хотел „Квинс“ – два субјекта кои се во сопственост на Владимир Тодоровиќ и неговото семејство, требаше да стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ 20 години.

Тодоровиќ за етно-селото плаќа концесија од 3 500 евра со ДДВ, за што доби на располагање комплекс од 12 000 квадратни метри, односно ресторан, музеј, амфитеатар, воденица и други објекти.

Комплекс Македонско село

Комплекс Македонско село

Gepostet von Gossip.mk am Donnerstag, 18. Oktober 2018

Извор: Фејсбук, новатв.ком, 24.мк,

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here