Информација од архивата алфа тв
Земјотрес од V-VI степени според европската скала го вознемири Скопје
Земјотресот кој синоќа го осетија скопјани бил со јачина од 5-6 степени според европската макросеизмичка скала.

26.05.2014 18:08:12

Земјотресот кој синоќа го осетија скопјани бил со јачина од 5-6 степени според европската макросеизмичка скала. Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, епицентарот на потресот е северозападно од Скопје или грубо во близина на Чучер Сандево, на длабочина од околу еден километар.

До овој момент, од опсерваторијата велат дека немаат пријави дека земјотресот е почуствуван во околните градови. Вибрации, според пристигнатите информации од граѓаните, се осеќале во времетраење до една минута.
Од земјотресот, кој во 23 часот и 5 минути ги вознемери скопјани, засега нема материјална штети. Овој локален потрес доаѓа во период кога зачестија извештаите за значителни земјотреси пред се во северениот дел на Егејското Море. Сеизмолозите уверуваат дека синоќешниот скопски потрес нема и не може да има никаква врска со сеизмичката активност во Грција и Турција.
Во екот на поплавите во Србија, Босна и Хрватска, од опсерваторијата објаснија и зошто земјотресите немаат никаква врска и со ваквите големи води. Едноставно, изворот на потресите најчесто е на неколку километри под почвата, додека надојдените води можат да влијаат најмногу до 200 метри од површината на почвата.
Александар Димитриевски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here