За сите жени кои поради преголеми обврски имаат проблем да направат ручек за свото семејство. Знаеме дека е премногу напорно да се постигне со сите работи. Токму затоа ви претставуваме еден лесен ручек за кј се потребни помалку од 15 минути.
Состојки:
- 400гр. тестенини
- Конзервирана туна
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- Конзервиран домат
- Босилек
- Маслиново масло
- Сол, бибер
Подготовка:
• Во поголем сад загрејте вода. Загрејте го маслиновото масло во тава и пропржете ги ситно исецканите лук и кромид.

• Кога ќе зоврие водата, ставете сол и додадете ги тестенините и гответе според упатството на пакувањето, 10-12 минути.
• Во тавата додадете ја туната, потоа исецканото доматно пире и зголемете ја температурата на огнот за да се крчка.
• Кога тестенините ќе бидат готови, зачинете ги со сосот, бибер и босилек, а потоа измешајте и сервирајте ги топли.
• Ако имате растителен кашкавал, изрендајте врз јадењето пред да сервирате.
