Тој денес е најплатената музичка ѕвезда на светот. Во текот на минатата година, заработил приход од неверојатни 30.753.000 евра, а според пресметките, дневно заработува 85.000 евра.

Во објавениот финансиски извештаи се гледа дека неговиот годишен приход изнесува 41.338.422 евра, при што нето профитот изнесува 30.753.000 евра. Тоа што може да се види од извештаите е и тоа дека музичарот Ширан, во Обединетото Кралство платил дури 6.029.210 евра.

Од каде приказната дека Ед Ширан во периодот од 2008 до 2010 е бездомник и е во лоша финансиска состојба?

Во 2014, на MTV беше пуштена најава за неговата книга “Ед Шаран: Визуелно патување” со изјава на пејачот извадена од контекст од прес конференција. Луѓето слушнале дека пејачот “немал место за престој” и тоа е тоа, има доволно материјал приказната да се прошири.

Приказната дека Ширан е бездомник е технички неточна. Тој станал без место за сиење само неколку дена.

“Тоа беше извадено од контекст од прес. Никогаш не сум го кажал тоа во книгата”, изјавил тој за Капитал Ф.М. “Останав без кревет само некои ноќи, тоа е тоа.

Бидејки немав место каде да останам тие неколку ноќи, морав да преспијам пред Бакингемската палата. Токму тоа е она што го направив”.

Инспирацијата за да ја напише песната Homeless ја добил токму тие ноќи кога бил, условно речено бездомник.

“Почнувајки од 2009 до 2012 година правев свирки низ Лондон. Еден период го изгубив станот каде што живеев и почнав да останувам кај пријатели, беше многу забавно” објасни тој за МТВ во документарниот филм “Девет дена и ноќи на Ед Шаран”

Кога немаше каде да преспијам едноставно застанував на сцена и прашував “Има ли некој кревет за вечерва ” и обично функционираше тоа.

Тоа што бев друштвена личност ми беше од голема помош. Се сретнав со многу луѓе и стекнав многу искуства кои најверојатно еден 18-годишник не би требало да ги има.

Неговата финансиска ситуација моментално е повеќе од одлична.

Во продолжение документарниот филм “Девет дена и ноќи на Ед Шаран”

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here