Без разлика колку и да се љубопитни луѓето, постојат места на кои никогаш нема да им биде дозволено да стапнат.
Суртси е уникатен остров во Исланд кој почнал да се формира во 1963 година, по голема вулканска ерупција која траела три години.
Сега, се користи за научни истражувања и опсервации. Фокусот на овие научни истражувања е подобро да се разбере како се формираат екосистеми од нула, без човечко влијание, а пристап до островот им е дозволен на само неколку научници, па ова го прави едно од забранетите места на планетата.
Една од приказните која привлече големо внимание беше кога домат почна да расте на површината на островот, оставајќи ги научниците збунети.
Територијата е внимателно набљудувана, а малата група научници на кои им е дозволен пристап пред секое стапнување на островот подлежи на проверки, бидејќи едно од основните правила е да не се носат семиња. Излезе дека некој не внимавал доволно и ги прекршил законите на островот, со тоа што извршил голема нужда на островот, по што никнал доматот. Откако го сфатиле потеклото на растението, тоа било уништено за да не пречи на нивните научни истражувања.


Извор: qtelegram.com